Сообраќајот, како што додаваат од АМСМ, е во прекин од полноќ

Поради сообраќајна несреќа, во прекин е движењето во двата правци на магистралниот пат од Струмица кон граничниот премин „Ново Село“, информираат утринава од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Сообраќајот, како што додаваат од АМСМ, е во прекин од полноќ.
Засега нема информации за причината за сообраќајната несреќа и за евентуално повредени лица.
На другите патни правци, додаваат од АМСМ, сообраќајот се одвива непречено и по суви коловози.
Од АМСМ препорачуваат приспособена брзина на движење на патиштата, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата
