Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, денеска од Прилеп испрати ветување дека веднаш по изборите на 15 јули ќе се посветат на автопатско поврзување на неколку градови со грчката граница.
„Доцнењето поради нерешената инфраструктура кон Прилеп е мотив плус веднаш после победата на изборите на 15 јули да работиме за брза реализација на нашето клучно ветување за следните четири години, автопатско поврзување на Велес, Градско, Прилеп, Битола до грчка граница“,
рече Николоски.
На прилепчани тој им вети нов објект за театарот, како и целосна ревитализација на старата чаршија.
„Секако тука остануваат клучните ветувања поврзани со земјоделието, пред сè со откупот на тутунот. Ќе повторам на првата седница на влада изгласување на закон со којшто ќе се забрани кило тутун да се увезе во Македонија пред целосно да се откупи домашниот тутун“,
рече Николоски.
Еден од клучните проекти, рече потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, им е и испитување на потекло на имот и капитал на сите носители на јавна функција во изминатите 30 години, па го повика лидерот на СДСМ, Зоран Заев јавно да каже дали може да го докаже потеклото на сопствениот и капиталот на неговото семејство.