Властите на Колумбија прогласија состојба на национална катастрофа, што ќе им овозможи да ги заобиколат бирократските пречки за побрза мобилизација на средства за итни случаи и пренамена на државните ресурси во најпогодените региони
Бројот на загинати во силниот земјотрес што ја погоди Колумбија се искачи на најмалку 111, а најмалку 87 лица се повредени – објави колумбискиот претседател Абелардо де ла Есприела.

По земјотресот од 7,4 степени според Рихтеровата скала, властите на Колумбија прогласија состојба на национална катастрофа, што ќе им овозможи да ги заобиколат бирократските пречки за побрза мобилизација на средства за итни случаи и пренамена на државните ресурси во најпогодените региони.
Во потресот се урнати најмалку 61 зграда, а спасувачката акција по преживеани е во тек.
Геолошката служба на Колумбија го смета денешниот потрес за најсилен во последната деценија во земјата. Бил почувствуван низ целата земја, но и во соседните држави на јужноамериканскиот континент – Венецуела, Еквадор и Панама. По првичниот, регистрирани се два последователни потреси со магнитуда од 2,8 и 4,8 степени.
