До денеска, тајфунот е ослабен до тропска бура, но се движи кон внатрешноста на Кина, а властите сè уште предупредуваат на поројни дождови, силни поплави и ризик од лизгање на земјиштето

Повеќе од еден милион луѓе се евакуирани од своите домови во Источна Кина, вклучувајќи ја и областа Шангај, откако тајфунот Делфин вчера стигна до копното. Поради тајфунот сообраќајот е парализиран, а околу 1 400 летови се откажани само во Шангај, пишува Би-би-си.
Тајфунот прво го погодил Јухуан во покраината Џеџијанг со максимална брзина на ветерот од околу 150 километри на час, а околу еден час подоцна повторно стигнал до копното во близина на градот Венџоу, соопшти кинеската метеоролошка служба.
Кинеските власти претходно издале највисоко, црвено ниво на предупредување за тајфунот. До денеска, тајфунот е ослабен до тропска бура, но се движи кон внатрешноста на Кина, а властите сè уште предупредуваат на поројни дождови, силни поплави и ризик од лизгање на земјиштето.
The 13th typhoon of the season Dolphin hit at 5:30pm on Sunday near Kanmen Subdistrict, Yuhuan City, Taizhou, Zhejiang — as a strong typhoon with maximum winds of 42 m/s (force 14) and a minimum central pressure of 945 hPa, according to China's National Meteorological Center. pic.twitter.com/UKed7vH4Ar
— Shanghai Daily (@shanghaidaily) August 9, 2026
Обилни дождови се очекуваат во повеќе покраини, а во делови од Џеџијанг може да наврнат помеѓу 250 и 500 милиметри дожд во текот на следните неколку дена.
Локалните власти ги повикаа жителите да избегнуваат престој на отворено, додека неколку главни туристички атракции остануваат затворени.
Снимките од кинеските државни медиуми покажуваат поплавени простори на популарни туристички дестинации, а се гледаат ои луѓе како одат низ вода длабока до глуждови.
Кинеските државни медиуми објавија дека деветгодишно момче од Џеџијанг е исчезнато откако било однесено од морето, а кинеските власти сè уште немаат пријавено смртни случаи.
Во Венџоу, властите преселиле околу 900 000 жители и отвориле повеќе од 1 000 засолништа за итни случаи., додека во Таиџоу, околу 390 000 луѓе се евакуирани од своите домови.
Според кинескиот државен радиодифузер CCTV, тајфунот патувал околу 6 000 километри пред да стигне до кинескиот брег.
Исто така се наведува дека бурата има исклучително голема област на циркулација и способност да произведе многу обилни врнежи.
Тајфунот, пред Кина, предизвика обилни дождови на Филипините, Северен Тајван и јапонскиот остров Окинава.
