Пентагон побарал од воено-индустрискиот комплекс сериозно да го зголеми и забрза производството на оружје поради загриженоста за намалување на американските резерви поради војната со Иран
Во меморандум од 5 август, заменик-секретарот за одбрана Стив Фајнберг им дал на раководствата на компаниите рок од најмногу 21 ден да достават планови за сериозно забрзување на испорака и зголемено производство на критични воени системи.
За постоењето на овој меморандум објави „Вашингтон пост“ по што Пентагон ја потврди точноста на информацијата.

„Меморандумот од 5 август е автентичен. Тој ќе биде земен предвид при подготовката на буџетот за фискалната 2028 година, кој ќе биде доставен до Конгресот, и е целосно во согласност со нашите тековни напори за обнова на одбранбената индустриска база“,
изјави портпаролот на Пентагон, Шон Парнел, пренесува Си-ен-ен.
Според Парнел, буџетот за фискалната 2027 година, кој е на разгледување во Конгресот, би можел дополнително да ги забрза овие напори.
Парнел потврди дека директната соработка на Пентагон со раководствата на компаниите од одбранбената индустрија не е нова практика.
Барањето до производителите доаѓа во период кога продолжува војната со Иран, а во американската администрација расте загриженоста за состојбата со резервите на клучни видови оружје и муниција.
