Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во интервју за „360 Степени“ оцени дека анкетите кои што се објавуваат во однос на изборниот резултат се нерелевантни.

„Мислам дека после 15 јули голем дел од куќите коишто ги прават овие анкети, од аспект на политичко интервјуирање, ќе бидат засрамени, ќе го изгубат својот кредибилитет и ќе престанат да постојат голем дел од нив бидејќи навистина ќе биде спротивно, многу спротивно од она коешто всушност го видовте, еве од конкретната анкета од вчера која ја споменавте. Но за тоа не сакам да навлегувам во детали, сепак 15 јули е за нешто повеќе од 10-тина дена од денеска и тогаш можеби многу појасно ќе биде за ова за коешто зборуваме“,
рече Мицкоски.
Тој вели дека од средбите заклучил дека на граѓаните им е потребна промена.
„Имаме и ние анкети коишто ги работиме, со три куќи редовно работиме, некогаш вклучуваме и четврта куќа, никаде не се ни приближно такви резултатите“,
рече Мицкоски.
Тој сепак, не сакаше да кажае за кои куќи се работи и за детали од анкетите.
Единствено рече дека овие анкети најавуваат сериозна победа на ВМРО-ДПМНЕ.