„Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност“, велат од МВР

Одделот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи (МВР) до Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) поднесе кривична пријава против полицаец поради основи на сомнение за сторено кривично дело малтретирање во вршењето на службата.
Од МВР велат дека пријавениот (А. Т.) на работно место помлад полицаец во полициската станица Центар, при СВР Скопје, без основ употребил физичка сила врз лице на кое рацете му биле врзани со лисици.
„Пријавениот, на работно место помлад полицаец во шолициска станица Центар при СВР Скопје, на 24.05.2026 околу 02:53 часот во Градски парк – Фонтана на булeвар ‘Илинден’, при вршење на службени дејствија кон лишено од слобода, на кое рацете му биле врзани со лисици, без основ употребил физичка сила и му задал удар во грбот. Со наведеното дејствие тој постапил на начин со кој се понижува човековото достоинство и личност. Одделот за внатрешна контрола против пријавениот ќе поднесе предлог за поведување на постапка за утврдување на одговорност за кршење на работната дисциплина“,
се вели во сопштението.
