Владина делегација, денеска кај месноста Карпалак оддаде почит на десеттемина македонски бранители кои загинаа на тоа место во август 2021

„Сашо Китаноски, Нане Наумоски, Бранко Секулоски, Марко Деспотоски, Ердован Шабаноски, Љубе Грујоски, Дарко Вељаноски, Веби Рушитоски, Горан Миноски и Пеце Секулоски. Десет имиња кои Македонија нема право да ги заборави. Нивната жртва е вградена во темелите на нашата држава. Тие застанаа во нејзина одбрана тогаш кога беше најтешко и за Македонија го дадоа најскапоценото што човек може да го даде – сопствениот живот“,
изјави министерот Ристовски, се вели во соопштението на Министерството за спорт.
Според Ристовски, Карпалак е место на кое се потсетуваме што значат храброста, должноста, честа и љубовта кон татковината.
„Наша обврска е нивните имиња да ги чуваме од заборав, нивната жртва да ја почитуваме, а на идните генерации да им ја пренесеме вистината за луѓето кои застанаа во одбрана на Македонија. По повод 25-годишнината од нивното загинување, пред нивната жртва денеска се поклонуваме со длабока почит и благодарност. Вечна слава на хероите од Карпалак. Никогаш заборавени“,
рече Ристовски.
Во 2001 година, на ова место, силите на ОВК нападнаа армиски конвој кој се движеше кон Тетово при што загинаа десет припадници на АРМ.
