„Ало Савески, каде си“, велат социјалдемократите
Социјалдемократите повторно реагираат за ситуацијата со водоснабдувањето во Гостивар. Опозициската партија, во писменото соопштение, наведува дека во изминатиот период владините претставници и надлежните иснтитуции излегле со различни објаснувања и видувања за ситуацијата во градот која се уште не е нормализирана.
Како Мицкоски, Клековски и Тошковски да зборуваат за контрола, кога претходно рекоа дека водата може да се користи? Клековски минатата недела најавуваше дека водата наскоро ќе биде за пиење. Сега е полна со бактерии. Не една – туку многу различни. И сè уште нема ниту еден јавно објавен документ врз основа на кој дозволија користење на „техничка“ вода. Илјадници луѓе се отруени. Речиси 5.000 луѓе завршија по болници. И сè уште нема никој да одговара, ниту едно име од власта. Ама знаеме кој даваше изјави дека водата може да се користи. Знаеме кој дозволи да се користи вода која била загадена уште пред јавноста да дознае за труењето. Имаме и изјава од Стојанче Ангелов дека има бактерии,
велат од СДСМ.
Прашуваат што прави јавното обвинителство.

Ало, Савески? Дали сте на екскурзија? Или правилото „обвинителот не се повикува“ важи само кога не станува збор за Мицкоски? Мицкоски може од Собрание, од телевизија и по телефон. Граѓаните не можат. Граѓаните сега можат јасно да ги видат на дело сите овие „стручњаци“ на криминалната група ВМРО – почнувајќи од шефот на тендер-бандата, Христијан Мицкоски. Можете ли да замислите како би се снашле во Корона -криза? Народниот правобранител веќе отвори предмет. Граѓаните чекаат. А Обвинителството сè уште молчи. До кога?
се наведува во соопштението на СДСМ.
