„Сега ја повторува истата формула со струјата. Во регионот веќе има проблеми – историски низок водостој на Дунав, намалено производство, повисоки цени на берзите. Македонија увезува струја. Кога соседите имаат криза, ние плаќаме. А парното греење веќе поскапи, а сезоната на греење уште не ни почнала. Кога Мицкоски вели ‘нема поскапување’, тоа за граѓаните веќе не е ветување. Тоа е предупредување“, велат од опозицискиот СДСМ

Опозицискиот Социјалдемократски сојуз на Македонија (СДСМ) забележува дека секогаш кога премиерот Христијан Мицкоски ќе најавел некоја мерка за намалување на цените, напротив, цените се зголемувале.
„Христијан Мицкоски повторно уверува дека Македонија е безбедна, дека има стратегија и дека не размислува за поскапување на струјата, туку за нејзино поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа. Истото го слушавме и за горивата. Секој пат кога Мицкоски најавуваше ‘мерки за стабилизација’ и ‘најниски цени’, горивото поскапи. Секој пат кога велеше ‘нема да има поскапување’, граѓаните плаќаа повеќе“,
велат од СДСМ.
Затоа, од партијата велат дека кога премиерот ќе каже дека нема да има поскапување, тоа треба да се смета за предупредување.
„Сега ја повторува истата формула со струјата. Во регионот веќе има проблеми – историски низок водостој на Дунав, намалено производство, повисоки цени на берзите. Македонија увезува струја. Кога соседите имаат криза, ние плаќаме. А парното греење веќе поскапи, а сезоната на греење уште не ни почнала. Кога Мицкоски вели ‘нема поскапување’, тоа за граѓаните веќе не е ветување. Тоа е предупредување. На крај продава спокој на државата, а сите веќе знаеме за бизнисите со хидроцентрали, увозот на струја и животот на висока нога од ‘професорската’ плата на професорот тендер-патриот“,
соопшти СДСМ.
