Дел од членките на Клубот на жени на СДСМ ја осудија реториката на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ во снимката што беше објавена денеска, а во која Јанушев вели дека ќе ѝ удри бокс во лице на своја сопартијка од општински комитет
Сања Лукаревска и Јагода Шахпаска, кои се во првата постава на листите на СДСМ во втората и во третатат изборна единица, денеска, во одвоени изјави, ја осудија реториката на генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ Игор Јанушев, во ауди снимката што беше објавена претпладнево.
„Најголемо ‘не’ за насилството. ‘Не овде, „не’ каде било! Ние градиме модерна иднина, со луѓе со идеи за позитивни промени. Кому тие велат ‘Исправи се’, кога се чукаат во гради? Тоа што го слушнавме од Јанушев е за најголема осуда. Лицемерна политика, лаги и манипулации е нивниот начин. Насилството е апсолутно недозволиво“
рече Лукаревска, на средба со граѓани во Гази Баба.
Претходно, Шахпаска изјави дека ништо не се менува во ВМРО-ДПМНЕ, која, како што рече, останува партија во која нема еднаквост, нема правда, а царува шовинизам и дискриминација.

„Насилството им е решение за се. Насилство врз жени, насилство врз студенти,насилство врз пратеници и новинари. Огромно лицемерие стои и зад нивниот слоган ‘Исправи се’, затоа што секојдневно потврдуваат дека зад маската што ја носат стои понижувачки, недоличен, неодговорен однос кон граѓаните, а со последната бомба и демонстрирање на родово насилство. И не само тоа, дури и во своите партиски редови ВМРО-ДПМНЕ не почитува родова еднаквост,а со тоа не ги почитува жените , како еднакви и рамноправни на мажите“,
обвини Шахпаска.
„Од таа ми е преку к** више, 50 мејлови прати. Ако ја видам наредниот пат, утревечер, ќе ѝ дадам еден бокс у фаца“, вели Јанушев во една од снимките што беа објавени денеска на Јутјуб. Сегашниот генерален секретар на СДСМ разговара со поранешниот вмровски функционер Миле Јанакиески. Станува збор за телефонски разговори за кои се добива впечаток дека се водени во време на претходното раководство на партијата и наликува дека се настанати во предизборен период.