Под контрола се ставени пожарите во депонијата во Делчево и кај селото Герман во Општина Ранковце, каде што е зафатена ниска вегетација
До 18 часот се регистрирани вкупно 14 пожари, од кои еден е активен, два се ставени под контрола, а 11 се целосно изгаснати, соопштија денеска од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активен е пожарот кај селото Грешница во Општина Македонски Брод, односно кај месноста Стојанова Населба.
Таму гори ниска вегетација, деградирана шума и грмушки.
Под контрола се ставени пожарите во депонијата во Делчево и кај селото Герман во Општина Ранковце, каде што е зафатена ниска вегетација.
Изгаснати се 11 пожари на следните локации:
- село Горна Лешница, Општина Желино,
- во близина на Ѓоновички мост во Општина Гостивар,
- меѓу селата Зрновци и Лески во Општините Зрновци и Виница
- село Логоварди, Општина Битола,
- кај местото викано Теќе во Општина Прилеп,
- село Житоше во Општина Долнени,
- меѓу селата Слупчане и Ваксинце во Општина Липково,
- село Талашманце во Општина Кратово,
- кај Градските гробишта во Општина Неготино,
- село Дреново во Општина Кавадарци,
- на улица „Скупи“ во скопската Општина Карпош.
Во овие пожари претежно гори ниска вегетација, стрништа, грмушки, диви депонии.
Нивното понатамошно ширење е спречено благодарение на навремените интервенции на противпожарните екипи.
