Од МВР информираат дека несреќата, во која учествувале четири моторни возила, се случила на регионалниот патен правец Прилеп – Битола – Охрид, на три километри од влезот во Битола. Полицијата ги истражува причините за несреќата
Осум лица се тешко повредени во верижна сообраќајна несреќа што утринава се случила кај Битола.

Повредените се пренесени во Клиничката болница во Битола.
Од МВР информираат дека несреќата, во која учествувале четири моторни возила, се случила на регионалниот патен правец Прилеп – Битола – Охрид, на три километри од влезот во Битола. Оттаму додаваат дека полицијата ги истражува причините за сообраќајната несреќа. За настанот е известен и јавен обвинител.
„Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Битола изврши увид и даде повеќе наредби и насоки за целосно испитување на причините за несреќата“,
соопштија од Обвинителството.
Поради несреќата, сообраќајот на овој патен правец беше во прекин од 9 до 12 часот.
