Според него, тие бараат состанок и молат за разговори, а потоа јавно тврдат дека не водат никакви дискусии и дека се занимаваат само со Оман
„Многу е едноставно – Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“, кажа тој
Американскиот претседател Доналд Трамп објави остра порака на неговата социјалнита мрежа Трут соушл, во која го обвини иранското раководство за лицемерие и повтори дека Соединетите Американски Држави (САД) нема да дозволат Иран да се здобие со нуклеарно оружје.

„Иранското раководство е неверојатно лицемерно! Тие бараат состанок, некои би рекле и молат за разговори, а потоа јавно тврдат дека не водат никакви дискусии и дека се занимаваат само со Оман“,
напиша Трамп.
Посочи дека Иран има последна шанса да потпише договор, но додаде дека не постои временски рок за преговорите, бидејќи не бара нов претседателски мандат.
Запрашан што е поинаку овојпат, со оглед дека и претходно најавуваше, а потоа ги откажуваше воените напади, Трамп одговори:
„Сакам да им дадам и последна шанса пред обезглавувањето“.
Според него, Ормускиот Теснец е под целосна контрола на американската морнарица и вели дека ништо нема да помине, освен ако САД не дозволат или не се постигне договор, односно целосно предавање.
Трамп оцени дека станува збор за решавање на проблем што, како што наведе, Иран го создава со децении.
„Многу е едноставно – Иран никогаш нема да има нуклеарно оружје“,
кажа тој.
Во меѓувреме, како што пренесува Си-ен-ен, Иран ги негира тврдењата за директни разговори со САД.
Портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багаеи, изјави дека Техеран е фокусиран исклучиво на разговорите со Оман во врска со Ормускиот Теснец и ги обвини САД дека во јуни ги прекршиле своите обврски по распадот на прекинот на огнот.
Во Црвеното Море, шест танкери управувани од Саудиска Арабија ја пренасочија пловидбата околу Африка за да ја избегнат блокадата што ја прогласија јеменските Хути, поддржани од Иран, со што патувањето им се продолжува за најмалку две недели.
