Презентираше документи за анализизи на водата во Гостивар од периодот кога СДСМ беше на власт, а за кои рече дека покажуваат отстапувања од критериумите за безбедност и квалитет на водата за пиење
„Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. Ова се документи што биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал“, рече портпаролот Манасиевски
Кризата со водата во Гостивар е последица на децениската негрижа на локалната власт, предводена од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ), Демократската унија за интеграција (ДУИ) и Арбен Таравари. Ова денеска на прес-конференција го кажа портпаролот на владејачката ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски, посочувајќи дека опозицијата неосновано ја критикува актуелната власт.

„Сега Венко Филипче има став за секоја тема и секојдневно држи лекции за тоа како треба да функционира здравствениот систем. Но, каде беше истиот тој Филипче кога со години раководеше со Министерството за здравство, а СДС со власта? Филипче дека критикува за секој проблем, а молчеше кога имаше обврска да зборува и да постапува. Тука е суштинската разлика“,
вели портпаролот.
Презентираше документи за анализизи на водата во Гостивар од периодот кога СДСМ беше на власт, а за кои рече дека покажуваат отстапувања од критериумите за безбедност.
„На 11 ноември 2020 година има извештај од микробиолошка анализа во кој се наведува дека поради зголемен број колиформни бактерии водата не треба да се користи за пиење“,
кажа Манасиевски.
Посочи и на анализи од 2021, 2022 и 2023 година, за кои вели дека покажуваат оти водата доставена до ЈП „Комуналец“ Гостивар не ги исполнувала условите согласно правилниците за безбедност и квалитет на водата за пиење.
„Не било постапено и се продолжувало со труење на граѓаните, а тие самите не знаеле. Ова се документи што биле испраќани до Министерството за здравство, а никој не реагирал“,
додава Манасиевски.
Според него, проблемите со водоснабдувањето во Гостивар требало да бидат решавани навреме, а не, како што вели, да се ставаат под тепих.
„Ова што се случи во Гостивар е последица на децениската негрижа на локалната власт, а таа власт сега ја предводат СДС, ДУИ и Таравари. Затоа е потребна одговорност“,
кажа тој.
Му порача на лидерот на опозицискиот СДСМ, Венко Филипче дека пред да држи лекции и да се обидува да собира политички поени, треба да има предвид дека граѓаните паметат како се водел здравствениот систем во периодот кога тој беше министер за здравство.
„Затоа последен има прави да дели лекции за јавното здравје“,
заклучи Манасиевски.
Претходно од Социјалдемократскиот сојуз (СДСМ) излегоа со обвинувања дека постојано се зголемува бројот на населени места каде водата не е безбедна за пиење.
„И власта повторно задоцни со реакција. Иако претседателот Филипче уште пред две недели алармираше за ризикот од жолтица, власта дури вчера излезе со препораки за превенција и откривање симптоми. Се уште не се објавува извештај за водата во Гостивар, кој одобри, потпиша и кој гарантира дека техничката вода е безбедна“,
соопшти на прес-конференција Маја Серафимовска Борозан од СДСМ.
Посочи дека премиерот Христијан Мицкоски и министерот за здравство Сашо Клековски даваат спротивставени изјави околу состојбата со водата во Гостивар и дека токму поради нив, нарекувајќи ги како тендер-патриоти, во над 50 населени места водата не е безбедна за пиење.
