„Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови“, информира УХМР

Според мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), денеска попладне во Велес се измерени 39 степени, во Виница, Кавадарци и Демир Капија 38, во Скопје-Петровец, Скопје-Зајчев Рид, Струмица и Гевгелија 37, во Штип температирата достигна 36 степени, Тетово 35, Битола 34, Крива Паланка и Прилеп 33, Охрид 32, Берово 31, Претор 30, Маврови Анови 29, Крушево 28, а на Попова Шапка се измерени пријатни 22 степени.
Како што информира УХМР, попладнево низ Македонија времето беше сончево и топло, а во текот на ноќта ќе биде ведро. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер.
Утре ќе биде сончево и многу топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 11 до 21, а максималната ќе достигне од 33 до 39 степени.
Во Скопје, сончево и многу топло со слаб до умерен променлив ветер. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 38 степени.
„Под влијание на топла воздушна маса од југ во деновите од продолжениот викенд и до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Дневната температура насекаде ќе биде над 32 степени, а во некои места ќе надмине 40 степени. Високи температури ќе се задржат и во текот на вечерните и ноќните часови“,
информира УХМР.
