УХМР најавува дека под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло. Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени

Времето денеска ќе биде сончево и топло со мала локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 20, а максималната ќе достигне од 32 до 39 Целзиусови степени.
Во Скопје, исто така се очекува сончево и топло време со слаб до умерен ветер од променлив правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 36 Целзиусови степени.
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) најавува дека под влијание на топол бран до крајот на следната седмица времето ќе биде сончево и многу топло.
Особено топло ќе биде од среда кога наместа дневната температура ќе биде над 40 степени.

