Според најавата на УХМР, под влијание на топол бран, во земјава претстои период на сончево и многу топло време со температури кои секојдневно ќе надминуваат 35 степени. Особено топло ќе биде викендов и во текот на следната седмица
Сончево и многу топло време најавува Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) за денеска. Во текот на денот се очекува повремена локална облачност и слаб до умерен југоисточен ветер.

Минималните температури ќе се движат во интервал од 10 до 22 Целзисуови степени, додека максималните ќе се искачат од 31 до 39 степени.
Времето во Скопје ќе биде сончево и топло со слаб ветер од променлив правец. Температурите ќе се движат од минимални 16 до максимални 36 степени.
Според најавата на УХМР, под влијание на топол бран, во земјава претстои период на сончево и многу топло време со температури кои секојдневно ќе надминуваат 35 степени. Особено топло се очекува да биде претстојниот викенд и во текот на следната седмица, кога дневните температури наместа ќе надминат 40 Целзиусови степени.
