Од полицијата информираат дека лицата, кои се идентификувани како Е.С. (19) и И.А. (18), поради нагло влошување на временските услови, сè повеќе се оддалечувале со своите СУП-даски во езерските води и не можеле да се вратат на брегот
Две лица од Охрид вчеравечер се спасени откако, поради нагло влошување на временските услови, со своите СУП-даски останале заробени во Охридското Езеро. Според пријавата, која стигнала во полиција нешто пред 20 часот, лицата биле оддалечени на околу еден километар од брегот и барале помош.

„Полициски службеници од езерската полиција веднаш се упатиле на посочената локација, по што на околу 2 000 метри оддалеченост ги забележале двете лица на даските, кои се обидувале да го одржат пловењето и барале помош. Службениците веднаш пристапиле и презеле мерки за нивно безбедно префрлање на полициските чамци“,
информираат од МВР.
Од полицијата информираат дека лицата, кои се идентификувани како Е.С. (19) и И.А. (18), двете од Охрид, поради нагло влошување на временските услови со силен ветер и големи бранови, сè повеќе се оддалечувале со своите СУП-даски во езерските води и не можеле да се вратат на брегот.
Од СВР Охрид апелираат до сите капачи и корисници на СУП-даски или педалинки да не се оддалечуваат од означените безбедносни зони и да ги почитуваат безбедносните мерки.
