Целта на мерката, како што вели, е секој ученик да се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без оглед на финансиските можности на неговото семејство
Според него, вредноста не еден ученик не се определува според облеката што ја носи, туку од неговото знаење, карактер и соништата што ги гради
Учениците од прва година запишани во скопските средни училишта првпат ќе добијат бесплатни училишни униформи, информира денеска градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на својот фејсбук-профил.
Целта на мерката, според него, е да се намалат социјалните разлики меѓу учениците, како и да се олесни финансискиот товар за семејствата, но да се создаде порамноправна и побезбедна училишна средина.

„Социјалните разлики неретко стануваат причина за поделби, дискриминација, па дури и булинг. Затоа воведуваме мерка со која создаваме порамноправна, побезбедна и попријатна средина за сите ученици. Училиштето треба да биде каде младите ќе се натпреваруваат во знаење, труд и успех, а не во тоа кој носи поскапа облека и чии родители имаат поголема финансиска моќ“,
вели тој.
Посочи дека униформите ќе придонесат и за воспоставување еднаков и достоинствен кодекс на облекување, практика, која, додаде, со години се применува и во голем број современи образовни системи.
„Со низа конкретни мерки го претвораме училиштето во вистинска основа за знаење, успех и иден кариерен напредок. Во средина во која секое дете ќе се чувствува прифатено, почитувано и еднакво, без разлика на економскиот статус на неговото семејство. Затоа што вредноста на ученикот не се мери според облеката што ја носи, туку според знаењето, карактерот и соништата што ги гради“,
напиша на Фејсбук скопскиот градоначалник.
