На приведениот му е определена мерка притвор во траење од 30 дена
Настаните се случиле на 25 јули околу 22 часот и на 26 јули околу 1 часот во Струмица, кога се предизвикани пожари на трактор, сопственост на Ж.Д. (70) од Струмица и на патничко возило марка „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица
Приведен е струмичанец поради сомнение дека предизвикал пожари на трактор и автомобил, информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР).
Оттаму информираат дека Секторот за внатрешни работи (СВР) Струмица поднесе кривична пријава против струмичанецот В.К. (41), осомничен дека ги сторил кривични дела, предизвикување општа опасност и тешки дела против општата сигурност.

Настаните се случиле на 25 јули околу 22 часот и на 26 јули околу 1 часот во Струмица, кога се предизвикани пожари на трактор, сопственост на Ж.Д. (70) од Струмица и на патничко возило марка „киа“, сопственост на К.Т. од Струмица.
Пожарите, како што информираат од МВР, се изгаснати од струмичката противпожарна бригада, а во нив немало пријави за повредени лица.
По известување на јавен обвинител, приведениот е изведен пред судија на претходна постапка во Основниот суд Струмица, кој му определи мерка притвор во траење од 30 дена.
