Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град
УХМР најавува дека под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР)
Локално, процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер (над 60 km/h), електрични празнења и изолирана појава на град.
Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 16, а максималната ќе достигне од 27 до 35 степени.
Во Скопје, времето ќе биде претежно облачно со врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на краткотрајно невреме со силен ветер, грмежи и услови за појава на град.
Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 32 степена.

УХМР најавува дека под влијание на поле со висок воздушен притисок, следува период на стабилно и топло време.
