Владејачката партија обвинува дека партијата на Али Ахмети манипулира со националните чувства и блокира клучни закони исклучиво за да се спаси од кривична одговорност за долгогодишното криминално владеење
Владејачката партија Влен во соопштение ја обвини Демократската унија за интеграции (ДУИ) оти шират омраза кон кон мнозинството Албанци кои на последните избори ги испратија во опозиција и дополнуваат дека деструктивноста и нагонот за самоуништување на нивните политички опоненти заземаат загрижувачки размери, посочувајќи дека тие директно работат против еден од темелните принципи на Охридскиот рамковен договор преку блокирањето на Законот за правична застапеност.

Според нив, раководството на ДУИ не ја сфаќа сопствената одговорност и по 22 години криминално владеење во владите на СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, станале најлошиот можен претставник на албанскиот глас во државата.
„Албанците повеќе не сакаат да бидат претставувани од луѓе кое злоупотребувале и проневериле ЕУ фондови и не им обезбедиле на граѓаните чиста вода за пиење. Албанците нема никогаш повеќе да се идентификуваат со ова нереформирано ДУИ кое е директно одговорно за обезвреднување на Албанската политика“,
велат оттаму.
Оттаму обвинија и за задкулисни игри на опозицијата, тврдејќи дека за да се спаси од кривична одговорност за коруптивното поведение во изминатите влади, малата група околу Али Ахмети сега политички се нуди да одработи ВМРО-ДПМНЕ да освои над 60 пратеници на следните парламентарни избори.
„Обидот да се создава лажна слика дека правата на Албанците се загрозени само затоа што ДУИ не е коалиционен партнер и во оваа Влада е свесно и со умисла одработување за политичките интереси на Македонската десница и предавство на Албанската кауза“,
заклучуваат од Влен.
