Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена
Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат синоптичарите за денес. Од УХМР информираат дека ќе дува слаб до умерен, наместа повремено засилен ветер во западните делови од западен, а долж Повардарието од југоисточен правец. Минималната температура изнесува од седум до 16, а максималната ќе достигне од 28 до 35 степени.
Во Скопје времето ќе биде сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе се спушти до 12, а максималната ќе достигне до 32 степена.

Од УХМР најавуваат дека во понеделник се очекува повремен локален дожд и наместа услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
