„Јас не сум епидемилог или микробилог, мојата функција е менаџерска, но јас сум во постојана комуникација, имаме целодневни состаноци со епидемиолозите, микробиолозите, специјалистите по хигиена, кои се токму за оваа работа и се интересирам за прашањето што ми го поставивте. Тие ми велат дека овие резултати коишто ги добивме како негативни укажуваат на самото тоа дека овие бактерии коишто се најдени и колиформните и мезофилните дека може да потекнуваат од една ваква ситуација која што некој друг ја создал“, рече Андоновска во вечерашното гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител
На прашањето дали гостиварското комунално претпријатие некогаш побарало од ИЈЗ да се направат анализи на водата, Андоновска рече дека во институцијата со која раководи конкретното претпријатие направило две анализи, една лани и една оваа година од едно мерно место. Анализата што била направена минатата година покажала дека водата од тоа мерно место е неисправна во одредени параметри, но, како што кажа директорката, тие како институција немаат надлежност да даваат забрана за користење на водата, туку да го упати претпријатието да направи дополнителни проверки понатаму
Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) изминатите денови два пати зел примероци од водата од водоснабдителниот систем на Гостивар.
Првите примероци биле земени минатиот четврток во попладневните часови, а вторите во понеделникот, исто така, попладне. Ова во вечерашното гостување во централниот „Дневник“ на телевизија Сител, го кажа директорката на Институтот, Марија Андоновска, додавајќи дека резулатите од анализите се различни за секое место поединечно.

Првиот пат биле земени примероци од четири места, а вториот пат од девет места.
„Тие места се претежно јавни површини. Резултатите се различни за секое место поединечно. Некаде имаме отстапувања од микробиолошки параметри, некаде отстапувања од параметрите за резидуален хлор. Она што е добро за овие анализи е тоа што физичко-хемиската анализа во овие примероци е во моментот исправна. Како што споменав во некои од примероците има отстапувања од одредени микробиолошки параметри со тоа што има присуство на колиформни бактерии, во некои од примероците, некаде се забележуваат мезофилни, аероби бактерии. Има примероци кои немаат микробиолошки неисправност, но имаат неисправност во однос на резидуалниот хлор“,
рече Андоновска.
Овие резултати, како што нагласи таа, според правилниците по кои работат Институтот за јавно здравје и Агенцијата за храна и ветеринарство, значат дека водата во овие места е неисправна за консумирање.
„Зошто потенцирам во овие места? Заради тоа што анализите што ги прави Институтот за јавно здравје, резулатите, и тоа го пишува во нашите извештаи, се однесуваат само за тој примерок, во тој временски период кога е земен. И тоа не може да одреди дали целокупната вода е добра или не е добра. Тоа го прави Агенцијата за храна и ветеринарство, земајќи ја целокупната слика“,
рече Андоновска.
Одговарајќи на прашање за тоа кој е надлежен да ги прави анализите на вода, Андоновска рече дека ИЈЗ како институција нема обврска да врши контрола на вода, освен во два случаи – кога ќе бидат повикани од надлежен инспектор или како самото јавно претпријатие побара од ИЈЗ тоа да го направи.
„Нема правилник, закон, по кој ние имаме обврска да вршиме мониторинг на водата. Тоа го има друга институција. Ние имаме современи лаборатории, простор, опрема и кадар да вршиме испитување на вода, храна, на одредени предмети, но немаме обврска за мониторинг. Самоиницијативно, тоа не можеме да го направиме. Можеме да направиме испитување само доколку бидеме повикани од инспектор во одредени места кои ќе ни бидат посочени или самото јавно претпријатие да побара од нас“,
вели директорката на ИЈЗ.
На прашањето, дали гостиварското комунално претпријатие некогаш побарало од ИЈЗ да се направат анализи на водата, Андоновска рече дека институцијата со која раководи во конкретното претпријатие направила две анализи, една лани и една оваа година од едно мерно место. Анализата што била направена минатата година покажала дека водата од тоа мерно место е неисправна во одредени параметри, но, како што кажа директорката, тие како институција немаат надлежност да даваат забрана за користење на водата, туку да го упатат претпријатието да направи дополнителни проверки понатаму.
„Дали правеле на други места не знам, можеби правеле, како што споменува и центарот за јавно здравје, можеби правеле и во други акредитирани приватни лаборатории. Во Институтот за јавно здравје многу ретко тоа го правеле. Во материјалите што ги барав за да проверам колку јавните претпријатија самите барале мониторинг, конкретно кај нас минатата година Гостивар направил една анализа и оваа година една анализа на едно мерно место, и тоа има разлика, сите мерни места, како што споменав од последните анализи се разликуваат. Многу е важно од кое мерно место е земен примерокот и резултатот се однесува само на тоа мерно место. Во анализата направена во 2025 имале неисправни резултати. Таа што ја направиле кај нас во Институтот била неисправна анализа. Имаме податоци, но во моментот не располагам со тие податоци. Била неисправна во одредени параметри. Кога добиваме неисправна анализа ја информираме самата институција која барала испитување и АХВ дека сме нашле една неисправна анализа. Тоа не значи дека ние даваме забрана дека таа вода не е за пиење. Ние велиме дека во овој примерок што стигнал до нас водата има нешто, а вие понатаму проверете дали е исправна или не и само во тоа мерно место или воопшто низ целото место“,
изјави Андоновска.

За тоа дали дали постои анализа што потврдува дека бактериите што се пронајдени во примероците земени од гостиварскиот систем се последица од поставувањето на пумпите од страна на гостиварското комунално претпријатие Андоновска рече дека според информациите што ги добила од стручните лица можно е тие да потекнуваат од една ваква ситуација.
„Јас не сум епидемилог или микробилог, мојата функција е менаџерска, но јас сум во постојана комуникација, имаме целодневни состаноци со епидемиолозите, микробиолозите, специјалистите по хигиена, кои се токму за оваа работа и се интересирам за прашањето кое ми го поставивте. Тие ми велат дека овие резултати коишто ги добивме како негативни укажуваат на самото тоа дека овие бактерии коишто се најдени и колиформните и мезофилните дека може да потекнуваат од една ваква ситуација која што некој друг ја создал“,
рече Андоновска.
За потсетување Основното јавно обвинителство Гостивар отвори истрага против в.д. директорката на ЈП „Комуналец“ – Гостивар, Артана Асани, техничкиот раководител Леон Мезини и раководителот на Одделението за водовод, Вадедин Даути, кои се товарат за тешки дела против животната средина и природата, предизвикани со дејствија на загадување на вода за пиење.
Според Обвинителството, осомничените на 25 јуни дале налози на вработени во претпријатието да постават три потопни пумпи во канал со површинска вода со штетни материи, во близина на преливната комора со вода за пиење, за да го тестираат притисокот на водата. Две од трите пумпи ги оставиле во функција се до увидот на 16 јули.
Инаку, се прават напори кон крајот на оваа недела гостиварци да добијат техничка вода, а кон крајот на следната седмица и вода за пиење.
