Штрајкот ќе трае од 5 до 9 часот наутро по македонско, односно од 6 до 10 часот по грчко време. Во овој период патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин за влез и излез од Република Грција
Министерството за внатрешни работи информира дека за в понеделник наутро е најавен штрајк на грчките царински службеници на трите премини со земјава и тоа – „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ („Дојран“) и „Ники“ („Меџитлија“). Штрајкот ќе трае од 5 до 9 часот наутро по македонско, односно од 6 до 10 часот по грчко време.

Во овој период, на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои десет минути, додека товарниот сообраќај ќе биде во целосен прекин за влез и излез од Република Грција.
„Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, на 27.07.2026 (понеделник) е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони, Дојрани и Ники. Во периодот од 5 до 9 часот по македонско време (6-10часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути а товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Грција“,
информираа денеска од македонското МВР.
Додаваат дека ќе бидат преземени сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.
