СДС и Филипче немаат одговорност, не нудат решенија туку креираат страв и вознемиреност кај граѓаните. СДС и Филипче наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС и Венко Филипче повторно ја злоупотребуваат кризата за ширење паника, дезинформации и конструкции, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ. Во соопштение од владејачката партија велат дека СДСМ ликува на случајот со водата во Гостивар исто како што тоа го правел и минатата година со пожарите.
„СДС и Филипче собираат политички поени врз грбот на граѓаните во Гостивар. СДС и Филипче немаат одговорност, не нудат решенија туку креираат страв и вознемиреност кај граѓаните. СДС и Филипче наместо да придонесат со решенија и да покажат чувство за одговорност, повторно избираат да шират паника и да ја злоупотребуваат секоја актуелна тема за политички маркетинг. Граѓаните заслужуваат точни информации, транспарентност и институции што работат во нивен интерес, а не политички спектакли изградени врз шпекулации и сензационализам“,
велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека со брза реакција на владините институции проблемот во Гостивар ќе се реши во, како што велат, експресен период.
„Потребно е сите политички чинители да покажат одговорност, особено кога станува збор за прашања што директно влијаат врз секојдневниот живот на граѓаните. Наместо да се создава непотребна вознемиреност, јавноста треба да добива факти, а институциите да бидат оставени професионално да ја вршат својата работа. За разлика од кадарот на Филипче, Ахмети и Таравари, Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ навремено го решава проблемот во Гостивар“,
порачуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
