Цените скокнаа откако јеменските Хути нападнаа танкери за нафта во Црвеното Море, загрозувајќи ја клучната извозна рута што Саудиска Арабија ја користеше за да го заобиколи Ормутскиот теснец
Цените на нафтата достигнаа 100 долари за барел, бидејќи ескалацијата на конфликтот на Блискиот Исток повторно ги разгоре стравувањата за глобалните резерви на енергија.
Суровата нафта „Брент“ – глобален репер за цените на нафтата, порасна за повеќе од 6% по неколкудневните зголемувања. Се тргуваше по цена од 100,17 долари за барел, што е раст од околу 6,5 проценти во однос на претходното затворање од 94,07 долари.
Американската сурова нафта „WTI“ достигна цена од 91,54 долари за барел, што претставува раст од 5,46 проценти во споредба со претходната сесија, кога се тргуваше за 86,80 долари.
Цените скокнаа откако јеменските Хути нападнаа танкери за нафта во Црвеното Море, загрозувајќи ја клучната извозна рута што Саудиска Арабија ја користеше за да го заобиколи Ормутскиот теснец.
Тековниот конфликт ризикува да ја зголеми инфлацијата во многу земји, што доведува до повисоки цени за потрошувачите.
Повисоките цени на нафтата обично водат до поскапување на бензинот и дизелот. Иако возачите се директно погодени, домаќинствата би можеле да видат зголемување на цените на други стоки, како што е храната, поради тоа што бизнисите имаат повисоки трошоци за транспорт.
