На другите гранични премини, додаваат од АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата

На граничниот премин „Богородица“ утринава има зголемена фреквенција на возила, информираат од Автомото сојузот на Македонија (АМСМ).
Времето на чекање за излез од земјата кон соседна Грција е околу 15 минути.
На другите гранични премини, додаваат од АМСМ, од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од земјата.
И камерите во живо на Јавното претпријатие за државни патишта (ЈПДП) поставени на самите премини покажуваат дека на „Богородица“ има колони возила во сите сообраќајни ленти кои чекаат во правец кон Грција.
