Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност

Сончево време со мала до умерена локална облачност, најавуваат за денеска од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Во текот на денот ќе дува умерен повремено засилен ветер од североисточен правец, кој ќе биде поизразен вдолж Повардарието и во источните делови.
Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне и наутро ќе биде во интервал од осум до 19 Целзиусови степени, а во текот на денот од 24 до 34 степени.
И во Скопје денеска се очекува сончево време со мала до умерена облачност и со слаб до умерен северен ветер. Температурата ќе се движи од 13 степени наутро до 32 во текот на денот.
За утре метеоролозите најавуваат променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат пообилни. Локално ќе има услови за појава на нестабилна облачност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува и слаб до умерен, а наместа вдолж Повардарието повремено засилен северен ветер. Слично време се прогнозира и за во Скопје – променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Максималната температура утре ќе се искачи до 25 степени.
Во деновите од викендот времето ќе биде стабилно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во пораст. Во понеделник повторно се очекува локална појава на нестабилност.
