Првото предупредување е испратено околу 19 часот, откако пожарот од општината Алморокс во Толедо се доближил до границата со регионот Мадрид. Подоцна, ново предупредување било испратено и за жителите на Рибера дел Алберче, Ринкон дел Алберче и блискиот камп, повикувајќи ги да се засолнат во внатрешноста на Алдеа дел Фресно
Во гаснењето на пожарот се ангажирани 19 копнени и воздушни екипи, составени од пожарникари, шумски служби и други спасувачки тимови од регионите Мадрид и Кастиља-Ла Манча. Во акцијата се вклучила и Воената единица за вонредни ситуации, која воспоставила команден центар во близина на пожарот
Голем шумски пожар што вчера попладне избувна во шпанската покраина Толедо се прошири кон регионот Мадрид, поради што властите наредија итна евакуација на населението во најзагрозените подрачја.

Регионалната агенција за безбедност и вонредни ситуации на Мадрид преку системот ES-Alert испрати итни известувања до граѓаните, со препорака за евакуација или останување во затворени простории во најзагрозените подрачја.
Првото предупредување е испратено околу 19 часот, откако пожарот од општината Алморокс во Толедо се доближил до границата со регионот Мадрид.
Spain is on Fire now? Don't win the Cup…
— ❤️🔥ZeroSympathy❤️🔥 (@ZeroSympathy76) July 20, 2026
SPAIN 🇪🇸 Wildfire scorches 26,000 hectares (65,000 acres) north of Madrid. pic.twitter.com/BfUts2u1bx
Евакуирана била населбата Ел Енсинар дел Алберче, со околу 1 200 жители, додека на жителите на Вила дел Прадо, општина со околу 7 700 жители, им било наредено да останат во своите домови.
Подоцна, ново предупредување било испратено и за жителите на Рибера дел Алберче, Ринкон дел Алберче и блискиот камп, повикувајќи ги да се засолнат во внатрешноста на Алдеа дел Фресно.
Поради густата концентрација на час, надлежните ги повикаа граѓаните да не ги отвораат вратите и прозорците, а на оние што ги напуштаат погодените области им е препорачана зголемена внимателност поради намалената видливост.
Владата на Мадрид го активираше второто оперативно ниво од Планот за заштита од шумски пожари, кое се прогласува кога огнената стихија претставува директна закана за населени места.
Со ова се овозможува евакуација или изолација на населението, ангажирање државни ресурси, вклучително и Воената единица за вонредни ситуации, како и активирање на системот за масовно предупредување на граѓаните.
600 pompiers et militaires ont été mobilisés pour venir à bout de ce feu complexe qui s’est déclenché le 16 juillet dans une zone aride, à une centaine de kilomètres au nord de Madrid. pic.twitter.com/cJ3hIrfmSm
— franceinfo (@franceinfo) July 22, 2026
Поради пожарот бил затворен автопатот N-403 кон Толедо, како и регионалниот пат М-507 во правец на Навалкарнер.
Во гаснењето на пожарот се ангажирани 19 копнени и воздушни екипи, составени од пожарникари, шумски служби и други спасувачки тимови од регионите Мадрид и Кастиља-Ла Манча. Во акцијата се вклучила и Воената единица за вонредни ситуации, која воспоставила команден центар во близина на пожарот.
🚨 La @ComunidadMadrid activa la Situación Operativa 2 del Plan de Protección Civil ante Incendios Forestales #INFOMA26 por el incendio forestal en Almorox, Toledo.
— 112 Comunidad de Madrid (@112cmadrid) July 22, 2026
Se ha evacuado la Urbanización El Encinar del Alberche y el municipio de Villa Del Prado se ha confinado.
Hasta… pic.twitter.com/MZTDBG7bSf
Според информациите на локалните медиуми, пожарот првично претставувал закана само за околните населени места, но откако ја зафатил густата борова шума, огнот брзо се проширил кон крошните на дрвјата и се приближил до урбаните подрачја. Поради тоа биле преземени мерки за заштита и евакуација на населението.
Противпожарните служби од Мадрид и Кастиља-Ла Манча продолжуваат со координирана акција за локализирање на пожарот, кој се проширил на територијата на двете автономни заедници.
