Од „ЕВН Македонија“ информираат дека во невремето сериозно била погодена електродистрибутивната инфраструктура, а дека како последица на оштетувањето на неколкуте стотици столба, без напон останале 2 308 трафостаници. Додаваат дека нивни екипи работеле без престан и успеале да санираат дури 90 отсто од дефектите, но дека во моментов и натаму без напојување остануваат околу 300 трафостаници во државата
Повеќе од 2 000 трафостаници на Електродистрибуција останаа без напон за време на вчерашното невреме што со силен ветер и дожд зафати голем дел од државата.

Од „ЕВН Македонија“ информираат дека во невремето сериозно била погодена електродистрибутивната инфраструктура, а дека како последица на оштетувањето на неколкуте стотици столба, без напон останале 2 308 трафостаници. Додаваат дека нивни екипи работеле без престан и успеале да санираат дури 90 отсто од дефектите, но дека во моментов и натаму без напојување остануваат околу 300 трафостаници на територија на државата.
„Во моментов без напојување се сè уште 300 трафостаници бидејќи паднатата вегетација на многу места целосно го блокира пристапот и дополнително ја отежнува работата. Сепак, на терен интензивно се интервенира и нема да се запре сè до целосно нормализирање на состојбата. Најмногу погодени беа делови од Скопје, Куманово, Кочани и други населени места низ Македонија“,
велат од ЕВН.
Од компанијата посочуваат дека на располагање ги ставила сите свои капацитети и ресурси кои ќе останат мобилизирани сè до целосно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.
