Штети на секој чекор, по силното невреме во главниот град

Уште се бројат материјалните штети од силното невреме што попладнево го зафати Скопје. Блокирани се булевари и улици, оти на нив се паднати гранки од дрвја или лимови. Штета е направена и на возила, а во делови од градот има летнати кровови и откорнати дрвја.
Краткотрајниот, но силен ветер што попладнево го зафати Скопје, освен дожд, пред себе носеше и прашина и ситен отпад. Според некои медиуми, ветрот достигнал и до 90 километри на час, а на „112“, штети пријавиле над илјада граѓани.
Во продолжение, погледнете ги фотографиите на „360 Степени“ направени од различни места во градот.










Како што претходно објавивме, поради невремето летна кровот и на Центарот за странски јазици во Карпош.
Невремето предизвика и краткотраен пожар во близина на „Мавровка“, кој сам се изгасна.
