Невремето што попладнево го зафати Скопје предизвика штети на повеќе места

Падна кровот на Центарот за странски јазици во скопски Карпош, по невремето проследено со силен ветер и дожд, што попладнево го зафати Скопје.

Карпош е една од најпогодените општини, од каде жителите јавуваат за паднати дрвја, лимови и оштетени возила во различни места.
Како што претходно објавивме, невремето направи штета на повеќе места, а во близина на „Мавровка“ дојде до мал пожар кој во меѓувреме сам се изгасна.
Силниот ветер освен дожд пред себе носеше и прашина и ситен отпад.
