Од УХМР претходно најавија дека во попладневните часови се очекува во делови од котлината да има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер
Предмалку Скопје го зафати невреме со силен дожд и ветер. Веќе се пријавени првите штети како паднати дрвја или искршени гранки, а силниот ветер освен дожд пред себе носи и прашина и ситен отпад.
Во близина на „Мавровка“, невремето предизвика и пожар кој во меѓувреме сам се изгасна.
Граѓаните кои се затекнале на отворено, барале засолништа.
Паднато е и дрво високо 15 метри во скопска Кисела Вода.
Од УХМР претходно најавија дека во попладневните часови се очекува во делови од котлината да има појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Инаку, до петок, под влијание на серија на влажни и нестабилни воздушни маси, времето ќе биде променливо облачно и наместа нестабилно со пороен дожд и грмежи.
Локално процесите ќе бидат во форма на краткотрајно невреме проследено со силен ветер и изолирана појава на град.
Во петок ќе има пообилни врнежи од дожд. Поради продор на постудена воздушна маса од север температурата значително ќе опадне.
