Францускиот фудбалер Килијан Мбапе со двата постигнати гола стаса до вкупно 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња.
Англија ноќва ја победи Франција со 6:4 и за прв пат во историјата го освои третото место на Светските првенства во фудбал. Пресудно се покажа првото полувреме во кое англиските фудбалери имаа целосна доминација и поведоа со 4-0. Деклан Рајс одлично го отвори мечот со гол од дваесетина метри и асистенција од корнер до Конса за 2-0, по што Букајо Сака со два прецизни удари зголеми на 4-0.
Селекторот на триколорите Дешан на полувремето направи четири измени во составот кои што придонесоа да се смени сликата на теренот. Преку Мбапе кои постигна два гола и голат на Баркола Францизите за само дваесетина минути се вратија во мечот намалувајќи на 4-3. Сепак, со пеналот на Густо врз Спенс, Сака стаса до хет-трик и водство на Англија од 5-3.
Тоа не беше и крај на возбудувањата бидејќи Дембеле намали во 95. минута, Франција тргна на се или ништо во последните секунди, но гол падна на спротивната страна – Белингем одличната соло-акција ја претвори во гол за конечните 6-4.

Инаку, францускиот фудбалер Килијан Мбапе со двата постигнати гола стаса до вкупно 22 гола на Светските првенства, надминувајќи го аргентинскиот напаѓач Лионел Меси и станувајќи најдобар стрелец на Мундијалите на сите времиња.
На ова Светско првенство Мбапе постигна 10 гола и имаше четири асистенции. Меси има шанса да се врати на челната позиција со оглед дека неговата Аргентина денеска го игра финалето на СП против Шпанија.
