И покрај обидите за забавување на процесот преку блокада на измените на Изборниот законик, кои се дел од реформските обврски, премиерот е уверен дека земјава ќе предничи пред другите во динамиката на реализацијата на реформите
Премиерот Хриситијан Мицкоски информира дека Владата на 15 јули до Европската Унија поднела документ со, како што вели, целосно исполнети и означени обврски од Реформската агенда.

Мицкоски вели дека и покрај обидите за забавување на процесот преку блокада на измените на Изборниот законик, кои се дел од реформските обврски, тој е уверен дека земјава ќе предничи пред другите во динамиката на реализацијата на реформите. Вели дека определбата на Владата за спроведување на реформските обврски останува непроменета бидејќи тие се во интерес на државата, институциите и граѓаните.
„На 15 јули до Европската Унија беше доставен документ со целосно исполнети и означени обврски, со што уште еднаш покажавме дека реформскиот процес го водиме одговорно, транспарентно и со јасна посветеност кон исполнување на европската агенда. Продолжуваме посветено и забрзано за Македонија!“,
вели Мицкоски.
