Овој пожар вчера беше предизвик за струмичките пожарникари бидејќи постоеше зголемена опасност од негово ширење кон црквата „Св. Петар и Павле“
Повторно се разгоре пожарот кај селото Бајково на планината Огражден во струмичко Ново Село, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов.

„Во неговото гаснење се вклучија три ‘ертрактори‘ на ДЗС“,
соопшти тој.
Претходно во текот на денот од Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопштија дека овој пожар е ставен под контрола.
(ВИДЕО) Пожар во струмичко Ново Село, огнот се шири и кон црквата „Св. Петар и Павле“
Овој пожар вчера беше предизвик за струмичките пожарникари бидејќи постоеше зголемена опасност од негово ширење кон црквата „Св. Петар и Павле“.
Во гаснењето беа вклучени и два „ертрактори“ на Дирекцијата, со цел да им помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД „Рис“.
Откако пожарот беше ставен под контрола во доцните вечерни часови, од ТППЕ Струмица информираа дека со огромен труд, пожртвуваност и навремена интервенција, успеале да спасат повеќе куќи, како и црквата „Св. Петар и Павле“ во селото Бајково, иако огнот веќе беше стигнат до самите објекти.
(ФОТО) Огнот стигна до дворовите, но успеавме да ги спасиме куќите – велат струмичките пожарникари
Надлежните апелираат до граѓаните да бидат максимално внимателни и одговорни, односно да не палат стрништа, отпад или сува вегетација.
Покрај тоа, се посочува веднаш да пријават доколку забележат пожар.
