„Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката Реформска агенда, конкретните решенија што во моментов ги турка власта не се обврска кон Европската Унија, ниту претставуваат услов за напредок во преговарачкиот процес. Ова се нивни сопствени предлози, а не европски“, соопшти СДСМ

За опозицискиот СДСМ тезата дека блокадата на Изборниот законик ја спречува Македонија да напредува кон Европската Унија е свесна манипулација.
Сметаат дека ЕУ не бара промена на Изборниот законик, туку кредибилни избори.
„Европската Унија не бара промена на Изборниот законик по мерка на една партија. ЕУ бара кредибилни, фер и транспарентни избори, независно судство и борба против корупцијата. Токму тоа е она што ВМРО-ОКГ со години го блокира. Иако подобрувањето на изборното законодавство е дел од пошироката Реформска агенда, конкретните решенија што во моментов ги турка власта не се обврска кон Европската Унија, ниту претставуваат услов за напредок во преговарачкиот процес. Ова се нивни сопствени предлози, а не европски“,
велат од СДСМ.
Според нив, решенијата што ги нуди владејачката ВМРО-ДПМНЕ отвораат простор за манипулации и контрола на изборниот процес, особено во делот на гласањето на дијаспората.
„Наместо да се занимаваме со тоа како да се заштити волјата на граѓаните, се врши притисок да се прифатат решенија што овозможуваат изборна кражба. Тоа не е напредок кон ЕУ, тоа е чекор назад кон недемократски практики, што нè враќаат во времето на Груевски. Вистинската блокада на европскиот пат не доаѓа од опозицијата. Таа доаѓа од ВМРО-ОКГ, која веќе две години не спроведува суштински реформи и ја држи Македонија во изолација“,
соопшти партијата.
Од СДСМ додаваат дека предуслов за ЕУ се фер избори, а не закон напишан за да се обезбеди предност за власта. Според нив, сè друго е обид на ВМРО-ДПМНЕ да се прикрие сопствената неспособност и корупција зад европската агенда.
