Во неговото гаснење ќе се вклучат и два „ертрактори“ на Дирекцијата, со цел да им помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД „Рис“
Шумски пожар попладнево изби во атарот на селото Бајаково во струмичко Ново Село, на падините на планината Огражден, информираат од Дирекцијата на заштита и спасување (ДЗС).

„Постои зголемена опасност од ширење на пожарот кон црквата „Св. Петар и Павле“,
велат оттаму.
Поради тоа, во неговото гаснење ќе се вклучат и два „ертрактори“ на Дирекцијата, со цел да им помогнат на струмичките пожарникари и на доброволците од ДПД „Рис“.
Во гаснењето на пожарот, а особено во заштита на црквата помагаат и неколку граѓани.
Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека денеска има активни два пожари, од кои едниот е тој кај селото Бајково, а вториот кај селото Гарани во Општина Кичево.
Под контрола е пожарот кај селото Мокриево во Општина Ново Село.
