„На наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со ‘Пулс’, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозорец во полициска станица, а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар“, коментираат од опозицискиот СДСМ барајќи одговорност за случајот
Откако МВР објави дека е распишана меѓународна потерница по кочанецот Александар Лазаров, кој избега од полициската станица во Кочани, опозицискиот СДСМ обвини дека потерницата по него е распишана откако прво бил пуштен да избега од станица, а сега и преку границите на земјава.

„На наркодилерот Цуната, кој се поврзува и со ‘Пулс’, инаку близок до ВМРО и Миле Лефков, вчера му отворија прозорец во полициска станица, а денеска му ја кренаа рампата на граница да избега. Истото сценарио на ВМРО е веќе видено неколкупати. Сега откако го пуштија, МВР распишало потерница, каков блам, каков театар“,
коментираат од СДСМ.
Побараа одговорност и оставка од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски оценувајќи дека не станува збор за обичен пропуст, туку за сериозен безбедносен скандал кој отвора сомнежи за сериозни злоупотреби.
Претходно денеска од МВР информираа дека е распишана меѓународна потерница по лицето за кое опозицискиот СДСМ пред неколку дена обвини дека побегнало од Полициската станица во Кочани, каде шо било приведено поради трговија со дрога. Се работи за лицето Александар Лазаров (41) од Кочани.
