Полициски службеници, по преземените мерки, го привеле Б. Џ., а неговата 54-годишна мајка била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ е укажана лекарска помош

Триесет и едногодишнит скопјанец Б. Џ. вчера е приведен откако претходно во полициската станица „Бит-пазар“ било пријавено дека со нож му нанел убодни рани на својот 52-годишен татко Е. Л.
Како што информираат од Министерството за внатрешни работи (МВР), инцидентот се случил синоќа околу 22:35 часот кога во семејниот дом Е. Л., кој бил под дејство на алкохол, физички ја нападнал својата 54-годишна сопруга. По ова Б. Џ. му нанел убодни рани на својот татко.
Полициски службеници, по преземените мерки, го привеле Б. Џ., а неговата 54-годишна мајка била пренесена во болницата „Св. Наум Охридски“, каде што ѝ е укажана лекарска помош.
По наредба на јавен обвинител, телото на Е. Л. е предадено на обдукција, а по целосното документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.
