Оттаму кажааа и оти иако пред меѓународниот фактор владејачката позиција „глуми“ дека Изборниот законик е реформа за која се борат да се донесе, паралелно се обидуваат одговорноста за неуспехот за нејзината блокада да ја префрлат врз опозицијата
Власта не може истовремено да биде предлагач, арбитер и жртва и доколку ВМРО-ДПМНЕ навистина семта оти моделот на една изборна единица е исправно решение, потребно е да застане зад ветувањата кои сама ги дала, наместо да се крие со изговор оти опозицијата треба прво да се договори, реагираат од опозициската партија Левица.

Оттаму велат дека додека пред меѓународниот фактор, премиерот Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ „глумат“ оти Изборниот законик е реформа за која тие силно се залагаат, истовремено се обидуваат одговорноста за неговото неносење да ја префрлат врз опозициските партии, но и оти партијата која има мнозинство во Собранието, која ја предводела Работната група и го предложи текстот на законот, сега глуми неутрален набљудувач на процесот.
„Црвената линија на ДПМНЕ не е една изборна единица, еднаквата вредност на секој глас или укинувањето на изборните неправди, туку гласањето на дијаспората. Наместо да ги бранат принципите што ќе создадат поправеден изборен модел, тие избраа да ја претворат дијаспората во политички штит зад кој ќе ја сокријат суштинската реформа“,
велат од Левица.
Дополнително, во соопштението се вели оти обидите на ВМРО-ДПМНЕ да се претстави како заштитник на дијаспората пропаднале уште пред да започнат бидејќи јавноста и иселениците препознале оти оваа тема била извадена во последен момент како средство за одржување на статус кво и одржување на актуелниот модел со кој големите партии профитираат, додека се нанесува штета на Левица и граѓаните.
„Европската Унија обезбедува околу 4 милиони евра поддршка доколку се донесе нов Изборен законик. Но, ако тој повторно не се донесе, според постојниот модел ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВРЕДИ повторно ќе поделат околу 10 милиони евра државни средства за платено политичко рекламирање. Кога ќе се стават бројките на маса, станува многу појасно зошто некои партии се толку комотни и инсистираат процесот да пропадне“,
се вели во соопштението.
Претходно денеска, од ВМРО-ДПМНЕ рекоа оти ќе го прифатат секое барање на опозицијата под услов да се унапреди правото на глас на дијаспората преку овозможување гласање по пошта или по електронски пат.
