Нова економија која уште повеќе ќе насочува пари кон граѓаните и компаниите, ветува лидерот на СДСМ, Зоран Заев во предизборната кампања.
Тој вечерва на партиска трибина во Велес, зборувајќи за економската програма на коалицијата „Можеме“, се осврна на ветувањата за младите и жените.
„Отворивме 60 000 работни места во реалниот сектор. Просечната плата за овие неполни три години порасна за 5 000 денари, од 22 300 денари на 27 206 денари. Имаме многу мерки со кои ќе ги поттикнеме младите да останат во нашата земја. Ќе им се враќа персоналниот данок на нововработени лица до 29 години директно на личните сметки во првите 2 години од вработувањето. Исто така за оние млади лица до 29 години и жени кои ќе сакаат да започнат сопствен бизнис ќе бидат ослободени од плаќање на даноци до моментот додека не достигнат годишен промет од 3 милиони денари“
посочи претседателот Заев.