Во наредните денови ќе преовладува топло и стабилно време, со постепен пораст на дневните температури
Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне ќе има услови за локална нестабилност проследена со пороен дожд и грмежи, информираат утрово од Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).

„Минималната температура ќе се движи од 8 до 19 степени, а максималната ќе достигне од 28 до 36 степени“,
се вели во прогнозата на синоптичарите.
Во Скопје ќе преовладува сончево време со мала до умерена облачност.
Во попладневните часови, во делови од котлината, ќе има услови за повремен пороен дожд и грмежи.
Како што велат од УХМР, минималната температура ќе изнесува околу 15 степени, а максималната ќе достигне до 34 степени.
Според прогнозата, во наредните денови ќе преовладува топло и стабилно време, со постепен пораст на дневните температури.
