Меѓу повредените има и деца, а спасувачките екипи и натаму трагаат под урнатините на зградите, соопштија украинските власти
Најмалку деветмина загинаа и околу 50 се повредени во голем руски напад врз Киев. Меѓу повредените има и деца, а спасувачките екипи и натаму трагаат под урнатините на зградите, соопштија украинските власти.
Шефот на воената администрација на Киев, Тимур Ткаченко, информира дека во квартот Подилски се погодени четири станбени згради, а спасувачките тимови ги евакуираат станарите од урнатите станови од двете страни на таа зграда. Во нападите се повредени најмалку 46 лица, меѓу кои и пет деца, соопшти Ткаченко.

Според градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко, руски ракети и дронови погодиле повеќе објекти низ градот, при што избувнале пожари во неколку станбени комплекси. Оштетени се и магацини, како и гаражна работилница, пренесува Би-би-си.
Само неколку часа пред нападот, Зеленски предупреди дека, според украинските разузнавачки информации, Москва подготвува нов голем напад врз Киев, по ракетирањето во четвртокот кога загинаа 30 лица.
Київ: 9 людей загинули, ще 43 — постраждали, серед них 2 дітей, внаслідок російської атаки
— DSNS.GOV.UA (@SESU_UA) July 6, 2026
Пошкоджено щонайменше 15 житлових будинків. У Подільському районі тривають пошуково-рятувальні роботи. Рятувальники також працюють у Дарницькому, Голосіївському та Оболонському районах. pic.twitter.com/D2doWQ5G9x
Нападите се случија во пресрет на самитот на НАТО во Турција, каде што се очекува украинскиот претседател Володимир Зеленски да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп.
