Она што почна како „Револуција на розовите фламинга“ прерасна во широко распространето јавно незадоволство. Доста ни е од нетранспарентноста и ароганцијата. Премиерот мора да си замине, порачуваат демонстрантите
Илјадници демонстранти здружени во движењето наречено „Фламинго револуција“ бараат оставка од албанскиот премиер Еди Рама. Протестите кои траат од мај добиваат се поголема масовност, пренесува „Еуроњуз“, а дел од медиумите пренeсуваат дека вчера се одржал најголемиот собир во Тирана.
„Она што почна како ‘Револуција на розовите фламинга’ прерасна во широко распространето јавно незадоволство. Доста ни е од нетранспарентноста и ароганцијата. Премиерот мора да си замине“
порачуваат дел од демонстрантите.

Демонстрантите на протестот носеа карактеристични големи розеви фламинга, кои се симбол на движењето, а дел од присутните на собирот носеа и „бетонска торта“, симболично „честитајќи“ го роденденот на премиерот Рама и алудирајќи на „бетонирањето“ на природните богатства.
Протестот помина во тензична атмосфера откако дел од насобраните се упатија кон полицикста станица со барање да се ослободат претходно уапсените демонстранти.
Демонстрациите почнаа поради планираниот проект поврзан со Џаред Кушнер, зет на американскиот претседател Доналд Трамп, за изградба на луксузен ресорт во заштитено подрачје во Албанија.
