Во моментов сите расположливи сили се насочени кон подрачјето меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде изгоре голема површина сува трева и нискостеблеста вегетација
Во гаснењето помага и локалното население, додека според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, на терен се ангажирани и три „ертрактори“
Во пробиштипскиот регион сѐ уште е активен пожарот кој попладнево зафати повеќе населени места, при што противпожарните служби, доброволци и локалното население се обидуваат да го стават под контрола неговото ширење, информираат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Во моментов сите расположливи сили се насочени кон подрачјето меѓу Пробиштип и селото Ратавица, каде изгоре голема површина сува трева и нискостеблеста вегетација.
Како што изјави Златко Илиев од Доброволното противпожарно друштво Кочани, екипите веќе три часа се на терен со четири возила од ДПД Кочани и ДПД Виница.
Според него, пожарот е делумно ставен под контрола, а во меѓувреме се прават противпожарни пресеци со градежна механизација со цел да се спречи неговото ширење кон Ратавица.
Во гаснењето помага и локалното население, додека според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување Стојанче Ангелов, на терен се ангажирани и три „ертрактори“.
Од ЦУК соопштија дека активен пожар во општините Чешиново-Облешево и Пробиштип, односно во атарите на селата Новоселани и и Лепопелци, како и Бучиште и Неокази, каде гори ниска вегетација и нискостеблеста шума.
Пожарот избувна попладнево во пробиштипското село Бучиште, каде изгоре една куќа, а три се опожарени.
Подоцна огнената стихија се прошири кон селата Неокази и Ратавица, каде се спроведува акција за негово ставање под контрола.
