„Фројд понекогаш проработува, мислат дека како тие што се однесуваат и сите други се однесуваат, но еве ние сме подготвени повторно да седнеме, повторно да разговараме да најдеме модатилтет за гласањето на дијаспората во обем да биде многу поголемо, со што би заштедиле пари, еве нека биде преку пошта, со писма, било како, но да најдеме форма да го интензивираме гласањето на дијспората и да го направиме достапно за дијаспората“, изјави денеска премиерот, одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на нова воена опрема во касарната „Илинден“
Премиерот Христијан Мицкоски и денеска изјави оти има време од уште околу две недели да се постигне консензус и да се донесе Изборниот законик, со што земјата би била најдобра во новиот извештај на Европсклата комисија, како што била и во претходниот, во декември лани.

Повикувајќи за на претходната изјава на евроамбасадорот, Михалис Рокас, премиерот посочи дека Изборниот законик е целосно усогласен со препораките на ОБСЕ и ОДИХР, но не е донесен поради како што кажа, недоговорно однесување на опозицијата.
„Но, ние сме подготвени, го кажав тоа и вчера во интервју, да седнеме, повторно да разговараме во делот на гласањето на дијаспората, како да го подобориме тој процес, како да ја вклучиме повеќе дијаспората“,
рече Мицкоски.
Според премиерот, опозицијата се противи на електронско гласање на дијаспората, кое би започнало да се практикува од претседателските избори во 2029 година, па натаму, и покрај тоа што десетици земји користат ваков систем на гласање. Во тој, контекс, Мицкоски го спомена естонскиот модел, кој како што кажа го имал, комплетно разработен.
Тој смета дека опозицијата е против поедноставување на начинот на гласање на дијаспората затоа што верува дека и во 2029 година ќе биде опозиција. Сепак, како што рече, тие како владејачка партија се подготвени да седнат и да разговараат за модалитетите за гласање на дијаспората.
„Фројд понекогаш проработува, мислат дека како тие што се однесуваат и сите други се однесуваат, но еве ние сме подготвени повторно да седнеме, повторно да разговараме да најдеме модатилтет за гласањето на дијаспората во обем да биде многу поголемо, со што би заштедиле пари, еве нека биде преку пошта, со писма, било како, но да најдеме форма да го интензивираме гласањето на дијспората и да го направиме достапно за дијаспората“,
рече Мицкоски.
Што се однесува до сите други барања на опозицијата, Мицкоски повтори дека како најголема политичка партија се подготвени да ги да ги прифатат, без да дискутираат.
Според премиерот, подготвени се да прифатат сè за што ќе се усогласат опозициските партии, а се однесува на прашањата дали заокружувањето при гласањето ќе биде само на бројката или на името, како и делот во однос на жалбите по завршувањето на изборите.
„Така што би сакал да бидеме 10 од 10, имаме време до 15 јуни некаде, имаме некој недела плус, да седнеме и да се обидеме уште еднаш да најдеме начин да го надминеме ова коешто денеска опозицијата го прави преку своето неодговорно однесување“,
изјави Мицкоски.
Во однос на Планот за раст, Мицкоски посочи дека државата досега обезбедила 140 милиони евра, а со евентуалното ново финансирање таа сума би достигнала 240 милиони евра.
Премиерот рече дека до 15 јули може да се очекува да имаме 10 од 10 исполнети клучни чекори од грејс-периодот од Реформаската агенда, бидејќи за либерализацијата на пазарот на електрична енергија Владата веќе постигна усогласеност со АД ЕСМ дека почнувајќи од 1 јануари 2027 година, количините што АД ЕСМ ќе ги испорачува кон универзалниот снабдувач, во случајов „ЕВН хоум“, нема да надминуваат 70 отсто.
„И во согласност со разговорите што ги имаме со Европската комисија, очекуваме овој чекор биде прифатен како исполнет“,
рече премиерот.

На пленарна седница во Собранието, додаде тој помина и законот за трговски друштва, каде што државата е доминантен сопственик или има учество во капиталот на друштвата, а изгласан беше и регистарот на таквите трговски друштва. Ова, како што кажа, е усогласено и со Европската комисија и оти очекува и овој чекор да биде исполнет со што се доаѓа до бројката девет од 10 чекори.
Прашан како ќе се користат средствата од Планот за раст, Мицкоски кажа дека од она што досега е добиено, дел е префрлено во буџетот, за буџетски потреби, а другите средства стојат резервирани за капитални инвестиции, што се дел од индикативната листа што претходната влада ја усогласила со Европската комисија.
„И ние мора да ја следиме таа индикативна листа, така ќе продолжиме и понатаму. Што значи тоа? Тоа значи дека ако овие стотина милиони евра сега во јунскиот извештај ние ги добиеме, 30-40 ќе бидат буџетска поддршка, 60-70 ќе бидат наменети за проекти преку WBIF-програмата како грант и останатите ќе бидат за проекти финансирани преку мек кредит којшто ќе почне да се отплаќа од 2032 година. Така што, тоа што е индикативна листа, ние тоа ќе го следиме. А доколку бидеме во групата којашто ќе добие додаток, односно топ-ап (top-up), како што тие го нарекуваат, ќе ја видиме сумата. Ние тука дискутираме за приоритети“,
рече Мицкоски.
Приоритети, како што рече треба да бидат дел од проектите од ИПА програмата што не се реализирани, а во кои спаѓаат пречистителната станица во Тетово и во Битола и организирана депонија којашто требаше да се гради на истокот на државата.
„Сето тоа претставува наш приоритет и цениме дека можеме тоа да го реализираме, имајќи предвид дека минатите години со претходните влади тоа не било реализирано. Доколку го добиеме овој топ-ап, ние имаме други приоритети коишто се многу блиску поврзани со ИПА проектите од минатото коишто не се реализирани“,
рече Мицкоски.
Инаку, терминот „топ-ап“ (top up) се однесуваат на најавите од Брисел за пренасочување на средствата наменети за реформи во Западен Балкан кон земјите што важат за предводнички во тој процес, како Црна Гора, Албанија и Северна Македонија.
„Мене ме ограбрува информацијата којашто вчера ја пренесе еден европски медиум дека се погласни се изјавите од високи европски политичари за додавање на сумата за три земји од Западен Балкан коишто се понапредни во испорачувањето на Реформската агенда. Ние внатре ги дефинираме приопритетите и врз основа на тие приоритети, доколку бидеме вклучени во тие три земји, а очекуваме да бидеме вклучени, ние тие приортети ќе ги презентираме“,
кажа премиерот.
