Како што информираат од МВР, веднаш по добиената пријава за случајот, полициските службеници ги забележале лицата што биле со возило бе-ем-ве со ресенски регистарски ознаки, по што ги лишиле од слобода
Полициски службеници од Секторот за внатрешни работи (СВР) Скопје денеска привеле три лица под сомнение дека предизвикале општа опасност на територијата на скопската Општина Чаир, каде што вчера доцна вечерта било пријавено дека на отпад за секундарни суровини бил запален багер.

„Денеска (02.07.2026) на ул. ‘Јадранска магистрала’ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги лишија од слобода Џ.Џ., А.А. и Ф.Љ. поради основи на сомнение за сторено кривично дело предизвикување општа опасност по член 288 од Кривичниот законик (КЗ). На 1.7.2026 околу 23:20 часот во ПС Чаир е пријавено дека во отпад за секундарни суровини на подрачје на ПС Чаир бил запален багер“,
се наведува во соопштението од МВР.
Како што информираат оттаму, веднаш по добиената пријава полициските службеници ги забележале лицата што биле со возило бе-ем-ве со ресенски регистарски ознаки, по што ги лишиле од слобода.
По документирањето на случајот, велат од МВР, против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.
